У-19: Македонија во група со Швајцарија и со Украина во елитните квалификации за ЕП 2024

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години ги доби противниците во елитната фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.

Македонија е во квалификациската група 7 заедно со Швајцарија, Украина и Летонија.

Елитните квалификации ќе се одржат во март следната година, а Европското првенство за фудбалери до 19 години се игра во Северна Ирска од 15. до 25. јули 2024.

Се вчитува...