У-19: Македонија во група со Словачка, Летонија и Луксембург во квалификациите за ЕП 2025

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години ги дозна противниците во претквалификациите за пласман на ЕП 2025.

Македонија е во Групата 12 заедно со селекциите на Словачка, Летонија и Луксембург.

Во елитната фаза од квалификациите ќе се пласираат најдобропласираните две репрезентации од секоја квалификациска група, а место ќе има и за најдобрата третопласирана селекција од 13-те квалификациски групи, плус селекцијата на Португалија која ќе игра директно во елитните квалификации.

Квалификациите ќе се играат во три термини: 2–10 септември 2024, 7–15 октомври 2024 и 11–19 ноември 2024 година.

Се вчитува...