У16: Младите фудбалери ремизираа со Бугарија (1-1)

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 16 години ремизираше 1-1 на гостувањето против соодветната селекцција на Бугарија.

Нашите фудбалски надежи први дојдоа во водство веќе во осмата минута, кога Стојменов скокна највисоко и со прецизен удар со глава донесе предност на Македонија. Голманот Алчевски одбрани неколку опасни удари на бугарските млади фудбалери, но и тој беше немоќен да го спречи израмнувачкиот погодок што го постигна Мартин Петров во 63. минута.

u16 makedonija - bugarija

Овие две селекции в четврток ќе одиграат уште еден натпревар во Софија.

Се вчитува...