У19: Против „Гордиот Албион“ за чесно збогум од квалификациите за ЕП

По двата порази од Летонија (1-2) и од Унгарија (3-4) младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години денеска од 14 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ против големиот фаворит Англија за чесно збогум од квалифициите за пласман на ЕП.

Младите момчиња на Вујадин Станојковиќ на претходните два дуели, без сомнение, според играта заслужија многу повеќе од порази, но и среќата не беше на страна на „црвено-жолтите“ кои мораа да се помират со двата порази. Но, токму двете претходни претстави се мотив повеќе за квалитетнот издание против „Гордиот Албион“ и за чесно збогување од овој квалификациски циклус на генерацијата која ќе ја гледаме сега во битката за пласман на ЕП до 21 година.

Денеска, последниот свој натпревар во УЕФА елитните квалификации го игра и селекцијата до 17 години. По двата претходни порази од Р. Ирска (0-3) и Полска (0-3), момците на Горан Станиќ денеска ќе се соочат со селекцијата на Грузија во желбата со триумф да се завршат квалификациите во Полска.

Се вчитува...