У21: Бледо прво полувреме… Надежите со „нула“ против Гибралтар

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година игра без голови 0-0 на полувреме против Гибралтар во натпревар од 5. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство. Едно бледо прво полувреме против аутсајдерот во групата кое не ветува за поволен резултат на овој натпревар.

Првата убава шанса Македонија на овој меч ја имаше во 18. минута кога ударот на Лука Станковски беше спречен од голманот на гостите Бредли Авелано.

Убава шанса избраниците на Цапар имаа и во 31. минута, која на крајот не успеа да ја потврди со гол Абази кој лошо биеше кон голот на противникот. Првата голема шанса Гибралтар ја имаше во 39. минута кога Борч биеше незгодно, но неговиот удар успеа да го спречи Алчевски.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...