У21: Надежите на Цапар со минимална победа над Гибралтар (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година стигна до втората победа во квалификациите за пласман на Европското првенство откако денеска на домашен терен славеа против Гибралтар со минимални 1-0.

Нашите надежи одиграа бледо прво полувреме против аутсајдерот во групата. Првата убава шанса Македонија на овој меч ја имаше во 18. минута кога ударот на Лука Станковски беше спречен од голманот на гостите Бредли Авелано.

Убава шанса избраниците на Цапар имаа и во 31. минута, која на крајот не успеа да ја потврди со гол Абази кој лошо биеше кон голот на противникот. Првата голема шанса Гибралтар ја имаше во 39. минута кога Борч биеше незгодно, но неговиот удар успеа да го спречи Алчевски.

Откако по првото полувреме мируваа мрежите, водство за избраниците на Драган Канатларовски од 1-0 донесе Луан Абази во 52. минута. До крајот „црвено-жолтите“ успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до вториот триумф во овие квалификации.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...