Властите во Казахстан соопштија дека е притворен убиецот на лизгачот Денис Тен.
Обвинителството соопшти дека Нурали Кијасов ја признал вината за време на испитувањето околу смртта на 25-годишниот лизгач, а дека вториот осомничен се уште се бара.
Првиот освојувач на олимписки медал во уметничко лизгање за Казахстан, Денис Тен почина во болница во Алмати, откако беше прободен со нож кога двајца мажи се обиделе да му украдат ретровизор од автомобилот. Обвинителството соопшти дека неговата смрт се третира како убиство, а не како обид за кражба со смртен случај.
Тен во 2014 година на ЗОИ во Сочи освои бронзен медал, а е освојувач и на сребрен и бронзен медал од светските првенства во уметничко лизгање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА