Во голема полициска акција во Хрватска, уапсен е познатиот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ, и поранешната раководителка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотни работи на Државната управа на Шибенско-книнската жупанија, Неда Ливљаниќ.
Се сомнева дека Шимиќ нелегално добил потребни дозволи за изградба на камп преку Ливљаниќ. Ливљаниќ веќе бил притворена по слични обвиненија.
Шимиќ во својата кариера играше за Динамо, па во Интер, а најголем белег остави играјќи за Милан. Потоа на крајот од кариерата настапуваше за Монако, а во 2010 повторно се врати во Динамо. За Хрватска одигра точно 100 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
