Уапсен првиот човек на африканскиот фудбал

Претседателот на Африканската фудбалска федерација, Ахмад Ахмад е приведен во Париз, објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Поранешниот министер во владата на Мадагаскар, Ахмад, минатиот месец пред Етичкиот комитет на ФИФА беше пријавен за наводна корупција и сексуално насилство од страна на генералниот секретар на (КАФ), кој потоа доби отказ.

„ФИФА не е запознаена со деталите поврзани со истрагата и затоа не е во позиција да коментира на темата. ФИФА од француските власти ќе побара информација која ќе биде корисна во истрагата на Комисијата за етика“, стои во соопштението на ФИФА.

Се вчитува...