Уапсен Зоран Мамиќ во Босна и Херцеговина

Поранешниот тренер на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ утрово е приведен во Босна и Херцеговина, пренесуваат медиумите во оваа земја. За Мамиќ беше распишана меѓународна потерница откако не се појави на отслужување на казната во Хрватска.

Тој беше осуден на четири години и осум месеци за нелегално извлекување на пари од Динамо Загреб. Мамиќ ќе биде изведен пред судија, а доколку се утврди дека има државјанство на Босна и Херцеговина тој нема да може да биде екстрадиран во Хрватска.

Истата процедура ја помина и Здравко Мамиќ кој беше прогласен за бегалец, а во моментов е во Босна и Херцеговина.

Се вчитува...