Полицијата уапси две лица под сомнение дека го ограбиле кампот на англиската репрезентација. Меѓу другото беа украдени и копачките на Хари Кејн и Џуд Белингам.
Полицијата во Мисури уапси две лица откако украле опрема од кампот на англиската репрезентација, поточно од возилото што се користело за транспорт на опремата на англискиот тим.
Во полициското соопштение се наведува дека истрагата е во тек. Кражбата се случила додека опремата се транспортирала до кампот на репрезентацијата од базата во Вест Палм Бич, Флорида, потврди локалната полиција која реагираше многу брзо.
„Истражуваме можна кражба на опрема од тимско возило кое дошло во Канзас Сити и на кое му недостасувале одредени предмети. Две лица се во притвор и истрагата е во тек“, изјави портпаролот на полицијата од овој град за Скај Спортс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
