Италијанската полиција соопшти дека утринава се приведени двајца навивачи на Јувентус кои синоќа во пресрет на почетокот на дерби – натпреварот против Милан во Серија А нападнаа дел од раководството на „росонерите“. Тие ги скршија прозорците од автобусот во кој се возеа претставници на Милан, а за среќа инцидентот сепак мина без човечки жртви.
Полицијата во Торино успеа да ги пронајде сторителите, се работи за 19-годишен и 43-годишен навивач на Јувентус, и против нив е покрената кривична постапка. Јувентус успеа да го добие дербито против Милан со 3-1 и се одлепи на врвот на табелата со четири бода предност во однос на Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА