Уапсено едно лице на дерби мечот во Тетово меѓу Шкендија и Струга ТЛ

Фудбалерите на Струга Трим и Лум ја одбранија титулата во домашниот шампионат откако вчера во 32. коло на гостински терен славеа над Шкендија со 0-2.

Имало и мали нереди на овој меч, а тоа го покажува и денешниот билтен на МВР во кој се вели дека едно лице било уапсено на градскиот стадион во Тетово.

„На 12.05.2024 околу 19.00 часот на Градски стадион во Тетово, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите од ФК „Шкендија“ од Тетово и ФК „Струга Трим Лум“ од Струга, полициски службеници од СВР Тетово го привеле З.М.(18) од кичевско Жубрино затоа што го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со друго лице. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пренесуваат од МВР. 

Се вчитува...