Убав гест од Ливерпул – слепиот навивач гостин на клубот (ВИДЕО)

Трогателната приказна за слепиот навивач на Ливерпул, доби убаво продолжение, откако доби покана од клубот и еден ден се дружеше со фудбалерите во нивниот тренинг центар.

Мајк Керни стана сензација на социјалните мрежи, откако го фати камерата како на трибините на „Енфилд“  го прославува голот на Ливерпул на мечот со Наполи. Слепиот Мајк не можеше да види што се случува на терен, тоа му го прераскажуваше неговиот братучед. Но, на неговото лице видливи беа измешани чувства – радост, гордост и љубов за омилениот клуб.

Видеото после натпреварот го виделе и фудбалерите на Ливерпул. Мохамед Салах кој беше стрелец на тој гол против Наполи, потоа го поканил слепиот навивач да им биде гостин во тренинг центарот на Ливерпул. Во денот што ќе го памети цел живот на Керни му се исполнила големата желба. Тој во друштво со својот роднина се сретнал со играчите и со тренерот на Ливерпул, а од Салах добил и дрес на подарок.

 

Се вчитува...