Убава атмосфера пред мечот: „Гого-шоу“ на прошетката низ Рига (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Летонија,

Никола Ѓуровски

Расположени, насмеани и мотивирани се македонските фудбалски репрезентативци во пресрет на вечерашниот квалификациски натпревар против Летонија во Рига. За расположението во националниот тим речиси секогаш е задолжен Гого Јовчев. На утринската прошетка низ градот, тој предизвика многу насмевки кај останатите репрезентативци.

По ремито во Израел, надежите се дека Македонија ќе освои три бода на гостувањето во Летонија, и тогаш насмевките ќе се задржат подолго…

Се вчитува...