Убава иницијатива: Горан Кузманоски ги повика спортистите да донираат во борбата против коронавирусот

Ракометарот на Еурофарм Работник, Горан Кузманоски, покрена убава иницијатива во која очекува да се приклучат поголемиот дел од македонските спортисти и да донираат средства  за обезбедување на заштитини маски и опрема на здравствените работници кои се во првиот одбранбен ред и обезбедување на средства за дезинфекција и хигиена за социјално најзагрозените лица.

Здраво на сите.

Како во спортот така и во животот, најважна е тимската игра, солидарноста и несебичноста.

Заедно со неколку колеги преку иницијативата
#Спортистипротивкорона застануваме активно во борбата против корона вирусот. Отворивме наменска сметка (информации подолу во статусот) за донации. Собраните средства ќе бидат донирани за обезбедување на заштитини маски и опрема на здравствените работници кои се во првиот одбранбен ред и обезбедување на средства за дезинфекција и хигиена за социјално најзагрозените лица.

Заедно сме победиле многу натпревари, многу противници, заедно ќе го победиме и корона вирусот, ќе одиграме најсилна одбрана и ќе покажеме дека заедно, солидарно – МОЖЕМЕ!

Затоа колеги спортисти, ве замолувам, ве мотивирам, ве предизвикувам, да донираме сите заедно.

Ова е најважниот натпревар во нашата кариера!

Да се грижиме!

Откако ќе бидат собрани средствата, транспарентно ќе биде објавено колку средства се собрани и каде се донирани.

Жиро сметка : 240577112287787

Девизна сметка :

IBAN:MK07240577112287690

SWIFT : UIBMMK22XXX

Се вчитува...