Убави времиња: Кога Македонците беа „главни“ во Работнички и во МЗТ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гости две и тоа како незаборавни имиња од македонската кошарка во изминатите 20 години, Ненад Зивчевиќ и Тони Грнчаров.

Меѓу бројните теми, посетување и на времињата кога македонската клупска кошарка беше единствено темелена на домашните играчи, а беше, се чини, далеку попривлечна за навивачите, со далеку поголем меѓусебен ривалитет, притоа и произведувајќи репрезентативци по кој се дојде до најголемиот успех во македонската историја – 4. место на ЕП во Литванија.

„Ти текнува ли Работнички, кога освоивме последната титула заедно? Кој странец го паметиш од таа сезона. Паметиш некој странец во Работнички?Не, бевме Симиќ, Димче Тасоски, јас, ти, Боки Трајковски. Па, Марин на Боки кога му викаше пред финалето, едвај чекам да заврши сезонава и, вика, јас лево, ти десно. Ти десно, јас лево.. Значи, очи да не те видам повеќе!“ – вели Грнчаров и дополнува:

„Па, и во МЗТ кога бевме, кој странец го паметиш? Пуповиќ беше само. Имавме еден Американец, не играше. Тој што после се самоуби или го убија…? И тој не играше воопшто, ни минута“.

„Да,тој не играше ама колку дуваше… Каков доаѓаше на тренинг…“ – низ смеа коментира Зивчевиќ.

=========================================

ЗАСЛЕДЕТЕ ГО НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ

==========================================

ЦЕЛИОТ СПОРТСКИ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Се вчитува...