Убавина, шарм и спортски дух: Се одржа Авицена женската трка (ФОТО)

Не е Априлили, иако имаше и такви елементи, се разбира, во одбележување на 1 април, денот на шегата. Но, предничеа убавината и шармот на девојките кои се натпреваруваа на Авицена женската трка. Насоката е јасна, Скопје и цела Македонија треба да внесат нови навики во својот живот, знајеќи дека спортот и трчањето придонесуваат за здрави животни навики.

Стартот го означи директорот на Агенцијата за млади и спорт, а повеќе од 1.700 натпреварувачки беа учеснички на оваа трка, која е и најава за главната манифестација, Скопскиот маратон, кој е закажан за 6 мај во македонската метропола.

Трите најдобропласирани, Милјана Ристиќ, Марга Бојаџиева и Рената Соколовска, според Gun Time, добија вредни награди.

 

 

Се вчитува...