Убаво беше да си вардарец во Кавадарци (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Навивачката група „Комити“ која дојде во Кавадарци во голем број, не зажали. Вардар избори пласман во прволигашката конкуренција после две години, и одново ќе игра во „елитата“. Со победата од 3-0 над Скопје, „црвено-црните“ славеа по натпреварот заедно со своите навивачи по натпреварот.

Се пееја песни, се славеше оваа голема победа со која Вардар и се враќа на „елитата“. Фудбалерите, стручниот штаб и сите славеа со песна.

Сега следуваат денови на консолидација, а потоа добро претставување на екипата во прволигашката конкуренција.

Се вчитува...