Убедлив пораз на гостувањето во Белгија за крај на „европскиот сон“

Македонската женска кошаркарска репрезетнација го забележа и третиот пораз во квалификациите за Евробаскетот 2023. Денеска на патот на „црвено-жолтите“ застана Белгија која беше убедлива на домашен терен славејќи со 112-41.

Доминантната игра на Белгијките донесе убедлива предност од 34-3 уште по првите 10. минути и со оглед на големата позитива веќе беа решение дилемите за победник. Македонија успеа да го најде напаѓачкиот ритам до крајот на првото полувреме, но не успеа да ја намали негативата која се искачи на +39 (57-16).

Добрата игра на Белгија продолжи и во второто полувреме. Третиот дел од мечот домашната селекција го доби со 24-10, а на три минути до крајот на средбата успеа да ја помине и границата од сто постигнати поени.

Со 15 поени и 6 скока Јелена Антиќ беше лидер на Македонија, додека неа ја следеше Александра Стојановска со 14 поени. Ема Месеман беше предводеничка на Белгија со 17 поени и 6 скока.

Се вчитува...