Убедлив пораз на стартот од ЕП во ракомет во плажа

Женската репрезентација во ракомет на плажа со убедлив пораз го стартуваше својот настап на Европското Првенство.

Нашите ракометарки за противник ја имаа Русија, губејќи со максимални 0-2 во сетови. Првиот сет Русинките го добија со 24-11, а вистинското фијаско се случи во вториот сет, во кој Русија славеше со 16-0.

Следен ривал на македонската женска репрезентација за ракомет на плажа е Германија, која ја совлада Русија со 2-1 во сетови.

Се вчитува...