Убедлив триумф на Шкендија, Ренова го освои Чаир

Шкендија убедливо го совлада составот на Македонија ЃП со 4-1 и ја намали негативата во однос на лидерот Вардар на осум бода. Тетовскиот тим долго бараше начин да го разбие цврстиот бедем на „лавовите“, а тоа му успеа на Омар Имери во 39.минута. Македонија ЃП не се предаде лесно, успеа да израмни во 58.минута од пенал, а реализатор на најстрогата казна беше Ален Јашароски. Сепак, избраниците на Ернест Ѓока реагираа брзо, само две минути подоцна Меџит Незири повторно донесе водство за домашниот тим, а Омар Имери во 64.минута зголеми и на 3-1. Арбин Зејнулаи го постави конечниот резултат во 80.минута од дуелот.

Голеада имаше и на Чаир, а бодовите и припадна на Ренова која славеше со 2-3. Шкупи во текот на натпреварот остана со двајца фудбалери помалку, со оглед дека црвени картони заработија Дарко Глишиќ и Нето.

Шкупи поведе со голот на Сержињо во 24.минута, но гостите имаа супер финиш на првиот дел и заминаа со предност од 1-2 на одмор, со головите на Флоријан Кадриу во 44.минута и на Илирид Адеми само минута подоцна.

Флоријан Кадриу со својот втор гол зголеми на 1-3 во 65.минута, а надеж дека Шкупи може до бод врати повторно Сержињо во 80.минута. Сепак, бодовите отпатуваа за Тетово.

Академија Пандев не успеа да ја пробие цврстата одбрана на Борец во Струмица. Овој меч заврши без голови.

Вчера, исто така немаше погодок на два меча, на градското дерби Вардар – Работнички, на кое Ристо Јанков во финишот одбрани пенал, и на дуелот Струга Трим Лум – Силекс.

ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 4-1

ШКУПИ – РЕНОВА 2-3

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БОРЕЦ 0-0

ВЧЕРА

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0-0

СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 0-0

Табела: Вардар 43, Шкендија 35, Силекс 32, Македонија 29, Академија Пандев 28, Шкупи 25, Струга ТЛ 25, Ренова 25, Работнички 22, Борец 21.

 

 

Се вчитува...