Убедлив триумф на Удинезе, Несторовски остана на клупата

Удинезе го оствари третиот последовен триумф во Серија А, совладувајќи го Сасуоло со убедливи 3-0. По ова, тимот од „Фриули“ се наоѓа на 11.позиција со 24 бода. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски натпреварот го следеше од клупата за резервни фудбалери и не доби шанса за настап.

Стефано Окака го доведе Удинезе во водство во 14.минута. Во вториот дел уште два гола на „црно-белите“. Кен Сема во 68.минута зголеми на 2-0, а во судиското продолжение погоди и Родриго де Пол.

 

Се вчитува...