Убедлива победа на Алкалоид против Е. Пелистер 2

Алкалоид ја забележа седмата победа во Суперлигата откако во 9. коло триумфираше со 37-25 на домашен терен против Е. Пелистер 2.

Избраниците на Кирил Лазаров успеаја да стекнат предност уште на самото отварање на натпреварот, а и покрај обидот на гостите од Битола да останат во игра, серијата од 6-0 од 15. до 22. минута ги реши дилемите за победник.

Алкалоид на полувремето замина со предност од 20-11, а веќе на отварањето на вториот дел од средбата поведе и двоцифрено и не остави никаква надеж за Е. Пелистер 2.

Серафимов со осум голови го предводеше Алкалод. Него го следеше Костески со седум голови, додека најрасположен кај беше Митревски со седум голови. Петар Марковски додаде шест голови.

Се вчитува...