Убедливата победа на ПСЖ во сенка на повредата на Мбапе

Без апсолутно никакви проблеми ПСЖ стигна до победа од 4-0 против Тулуз во 4. коло од Лига 1.

Но, триумфот на ПСЖ некако мина во сенка на повредата на Килијан Мбапе кој во 66. минута принудно мораше да ја напушти играта поради повреда на задната ложа од левата нога. Според последните информации, во текот на утрешниот ден Мбапе го очекуваат детални лекарски прегледи по што ќе биде познато околу тежината на повредата.

Инаку, ПСЖ до триумфот против Тулуз стигна во второто полувреме кога беа постигнати сите четири погодоци. Отвори Чупо-Мотинг, па следеше автогол на Консалвес, уште еден гол на Чупо-Мотинг а на крајот на 4-0 заокружи Маркињос.

Се вчитува...