Убедливата Србија го „демолираше“ Порторико

Кошаркарите на Србија славеа убедлива победа од 107-66 против селекцијата на Порторико во 2. коло од Групата Ц на Олимписките игри во Париз.

Од самиот почеток на мечот Србите целосно доминираа не дозволувајќи ниту најмала надеж на противникот дека ќе може да дојде до изненадување.

Уште во првото полувреме дојдоа до предност од 52-35, а потоа во вториот дел беше само рутина до конечната победа.

Најдобри поединци кај Србија беа Петрушев со 15 поени и 9 скока, и Никола Јокиќ кој остана на само една асистенција од „трипл-дабл“, завршувајќи го мечот со 14 поени, 15 скока и девет асистенции. Богдановиќ и Мициќ постигнаа по 13 поени, а Алекса Аврамовиќ заврши со 12 постигнати поени. Ортиз со 19 поени беше најдобар поединец кај Порторико.

 

Се вчитува...