Убедливи победи на Оклахома Сити и на Детроит

Оклахома Сити шампионски го почна настапот во плејофот оваа сезона откако актуелниот првак со две рутински победи поведе со 2-0 во серијата против Портланд. Кошаркарите на Оклахома не му дозволија на гостинот ниту за момент да се понадева на изненадува, по три четвртини имаа и над 20 поени предност, за на крајот сепак да го намалат темпото и мечот да заврши со конечните 120-107.

Шеј Гилџус Александер беше незапирлив, успеа да реализира 37 поени надополнети со 9 асистенции, Чет Холмгрем постигна 19 поени, исто толку имаше и Џејлин Вилијамс, кој за жал заработи повредаи предвреме го заврши овој натпревар.

Детроит беше шокиран на првиот дуел со Орландо, но пистонси не дозволија по вторпат да направат „кикс“ на домашен терен, израмнувајќи на 1-1 откако убедливо го добија вториот меч со 98-83. Една одлична четвртина, онаа третата што домашниот состав ја доби со 38-16, беше доволна за да се осигура триумфот, во кој најефикасни беа Канингем со 27 поени и 11 скокови и Харис со 16 поени и 11 скокови.

Се вчитува...