Убедливо водство за Шкендија и Силекс на полувреме (ВИДЕО)

Актуелниот македонски шампион Шкендија има водство од 3-1 на полувреме против Македонија Ѓорче во натпревар од 13 коло од ПМФЛ.

Лавовите овој меч го стартуваа со само двајца страници, Колумбијците Перез и Еступињан и со фудбалери од младинскиот погон. Сето ова доаѓа по вчерашната оставка на директорот Бајевски и тренерот Грнчаров, но и поради суспензијата на дел од фудбалерите како што информираа од клубот.

Домаќините стигнаа до брзо водство од 1-0 со погодокот на Мазари во 9. минута од натпреварот. На 2-0 зголеми Рамадани во 16. минута. Младиот Јовчев на голот на лавовите успеа да му одбрани пенал на Адеми во 25. минута, откако претходно гостите во 20. минута намалија на 2-1. До првиот дел беше и 3-1 со погодокот на Меличи во 30. минута.

Сигурно водство на полувреме има и Силекс на домашен терен против Шкупи од 4-0. Стрелци на головите за тимот од Кратово беа: Алиќ на двапати, Пиреш и Митевски.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...