Пелистер по три одиграни кола останува со перфектен учинок откако на домашен терен го совлада новајлијата Феникс 2010 со 86-74. Скопскиот тим одигра одлично прво полувреме во кое целосно му парираше на фаворизираниот противник и по кое имаше предност од еден напад, но домаќините ги земаа работите во свои раце во вторите 20. минути во кои одигра одлично во одбраната, дозволија 26 поени на противникот и стигнаа до посакуваната победа.
Гостите од Скопје успеаја да го наметнат своето темпо уште од самиот почеток на мечот. Добрата одбрана на Феникс го остави домаќинот на само пет постигнати поени за четири и пол минути, а на спротивната страна добриот проток на топката, како и играта „еден на еден“ на Двејн Морган против високите играчи на Пелистер носеа лесни поени во рекетот па „виолетово-жолтите“ постојано ја одржуваа предноста која во еден момент изнесуваше и +11 (10-21). Тајмаутот на Илиевски вроди плод по кој Пелситер заигра поагресивно во одбраната со која беше запрен налетот на гостите, а благодарение на серијата на тројки на Младеновиќ, Караџовски и Стајиќ, домаќинтие го превземаа водството кое го задржаа и до крајот на првите десет минути (26-25).
Во поголемиот дел од продолжиението од првото полувреме акцентот беше ставен на одбраната, а со добрата реализација зад линијата 6,75 Пелистер успеа да стигне и до предност од 35-30, но „зелено-белите“ не ја задржаа високата реализација. Тоа го искористија гостите кои преку добрата игра во транзиција стигнаа до лесни поени, а со „вишокот“ кој го правеше Кларк и да ја вратат преднсота која беше задржана и до полувремето (45-48).
Отварањете на второто полувреме кое беше во знакот на Пелистер беше и клучно за натпреварот. Во него „зелено-белите“ со добрата одбрана успеаја да го заштитат својот рекет и да го сведат гостинот на само два постигнати поени за пет минути, а избраниците на Илиевски на спротивната страна најдоа решение за одбраната на противникот. Стигнаа и до лесни поени преку добриот проток на топката па поведоа со двоцифрена предност која и покрај тоа што Феникс имаше шанса да ја сведе на едноцифрена, домаќините ја задржаа и пред почетокот на последните десет минути (75-60).
Добриот моментум на Пелистер продолжи и во текот на последната четвртина во која „зелено-белите“ стигнаа и до најголемата предност од седумнаесет поени (83-66), а до крајот на натпреварот гостите од Скопје успеаја преку пресингот по цел терен истата да ја ублажат.
Предводник на Пелистер со 14 поени беше Хотон, еден помалку додаде Стајиќ кој имаше и 8 асистенции, а со 12 поени и 10 скока натпреварот го заврши Трајковски. Кај Феникс одличен натпревар имаше Кларк кој мечот го заврши со 20 поени и 6 асистенции, 18 поени и 11 скока додаде Морган, а до 12 поени, 5 скока и 3 асистенции броеше Амар Хот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА