Убиен казахстански лизгач, освојувач на олимписка бронза

Казахстанскиот освојувач на олимписки бронзен медал, лизгачот Денис Тен бил убиен при обид за грабеж во Алмати. Медиумите од Казахстан пренесуваат дека тој бил прободен со нож кога влегол во расправија со две лица кои се обидувале да украдат дел од неговиот автомобил. Починал по извршената операција.

Денис Тен покрај бронзениот медел од Сочи имаше сребро од Светското првнество во 2003 како и бронзен медал од лизгачиот мундијал во 2005 година.

Се вчитува...