Учи англиски, ужива во Париз и порачува – Наскоро се враќам!

Италијанскиот стратег Масимилијано Алегри потврди дека во септември се враќа на тренерските обврски. Тој беше снимен во Париз, но шесткратниот освојувач на Серија А дека во „градот на светлината“ е приватно и неговото доаѓање нема никаква врска со потпис во ПСЖ.

„Немам ништо со Пари Сен Жермен. Тоа би било големо непочитување, доколку сега јас дојдам во Париз и разговарам со Леонардо. Да во Париз сум, прекрасен град е, но пред се сум тука да ја претставам новата книга и да спознаам нови искуства“, изјави Алегри. 

Aлегри ја освојуваше италијанската лига еднаш со Милан и пет пати со Јувентус, а со старата дама има и четири титули во Копа Италија, како и две финалиња во Лигата на шампионите.

Се вчитува...