Удар за Јуве: Бонучи не игра против Атлетико

Јувентус скапо ја плати синоќешната победа над Лацио, откако Леонардо Бонучи заработи незгодна повреда на скочниот зглоб поради која ќе мора да мине подолг период надвор од терените.

„Не е добро“ – кратко прокоментира тренерот Алегри на синоќешната прес-конференција, а резултатите од денешните детални лекарски прегледи само ги потврдија зборовите на стратегот на „старата дама“.

Повредата не е нималку наивна и првите прогнози се дека Бонучи нема да може да се врати на терените најмалку еден месец. Ова значи дека тој ќе пропушти неколку важни домашни натпревари, но и првиот дуел од осминафиналето во ЛШ против Ателтико Мадрид.

Проблемите на Алегри се уште поголеми ако се знае дека Бенатија се подготвува за трансфер во Катар, а Барѕалји веќе подолго време е повреден, па Ругани и Кјелини се двајцата здрави дефанзивци што Јуве ги има во своите редови во моментов, заедно со новодојдениот Касерес кој се уште е далеку од очекуваната форма според Алегри.

Се вчитува...