Удар за МЗТ: Симоновски го пропушта дуелот со Блокотехна

МЗТ Скопје ќе биде значително ослабен на денешниот трет натпревар од полуфиналната серија со Блокотехна откако Марко Симоновски поради повреда отпадна од комбинација за настап на мечот во СЦ „Јане Сандански“.

Одличниот шутер „во цивилка“ ќе го следи овој натпревар, а причина е повреда во пределот на ребрата заработена на последниот меч во Гевгелија, при еден дуел со Двејн Бенџамин.

Симоновски со девет тројки беше главен адут на МЗТ на првиот меч во Скопје, а останува да се види како шампионот ќе се снајде без негова помош против секогаш незгодниот ривал од Гевгелија.

Се вчитува...