Удар за Сити: Се повреди Серхио Агуеро

Манчестер сити рутински го совлада Фулам со 3-0, но триумфот беше скапо платен поради повредата што ја заработи Серхио Агуеро. Аргентинскиот ас беше стартер, но поради болка во зглобот мораше да биде заменет по неполни десет минути игра во вториот дел, па сега во таборот на „граѓаните“ ќе следи период на исчекување, додека не биде познато колку Агуеро ќе мора да отсуствува од терените.

„Не би требало да е многу сериозно, но да почекаме. Тој се пожали на болка уште во првиот дел, штом стана поголема решивме да не ризикуваме и да го повлечеме. Ќе видиме што ќе кажат лекарите“ – изјави Гвардиола по натпреварот.

Се очекува Агуеро да го пропушти премиерниот меч од Лигата на шампионите против Лион, а неизвесно е дали тој ќе може да се појави во тимот и за наредниот дуел од Премиер-лигата, на гостински терен против Кардиф.

Се вчитува...