Удинезе изненаден дома, Несторовски влезе пред самиот крај

Удинезе неочекувано загуби на домашен терен од Бреша со 0-1, меч на кој стана јасно дека тренерот Игор Тудор не смета сериозно на македонскиот напаѓач Илија Несторовски. Имено, и во ситуација кога капитенот Де Паул отсуствуваше поради суспензија, хрватскиот стратег му даде на Несторовски само пет минути од мечот во кој се бркаше резултат.

„Фриулијаните“ примија гол на стартот од второто полувреме, а потоа Тудор направи две замени, пред конечно да го стави Македонецот во игра во 85. минута. Удинезе одигра очајно, не создавајќи шанса по влегувањето на Нестор-гол.

Удинезе во првите четири кола постигна само два гола, доволно јасен знак дека нападот не функционира, па останува да се види дали Тудор наскоро ќе му даде шанса на Несторовски да ги разбуди „фриулијаните“.

Се вчитува...