Натпреварот помеѓу Удинезе и Милан во Серија А за жал го одбележаа расистичките навреди кон голманот на „росонерите“ Мајк Мањан уште на самиот почеток на средбата. Францускиот голман го напушти и теренот, а подоцна се врати и ја доигра средбата која заврши со гостинска победа од 2-3.
Мањан го осуди недоличното однесување, a осуда испрати и спортскиот директор на Удинезе кој вети дека ќе помогне во идентификација и казна за одговорните лица.
„Нашиот клуб веќе 30 години работи на етничка различност. Нашиот град е пример за интеграција така да јасно е дека ќе го најдеме одговорното лице и ќе превземеме акција. Не толерираме било каков вид на расизам, па дури и ако станува збор за само една личност. Ќе направиме и самите истрага, но сакам да напоменам дека клубот претходни никогаш не се соочил со вакви проблеми. Имаме инструменти и ќе помогнеме во истрагата“, изјави Фредерико Балзарети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА