Удинезе пак не даде гол, Несторовски само гледаше од клупата

Илија Несторовски дефинитивно не очекуваше да има толку мала минутажа на стартот од авантурата во Удинезе откако Македонецот остана закован на клупата на вечерашниот меч со Верона (0-0).

„Фриулијаните“ два натпревари немаа постигнато погодок, повторно беа без суспендираниот Де Паул, но тренерот Тудор сепак се реши да го остави Нестор-гол на клупата за резерви. Дури и кога на Удинезе не му одеше најдобро, стратегот реши во игра да ги уфрли Окака, Опоку и Валас, јасен знак дека хрватскиот стручњак нема преголема доверба во квалитетите на Македонецот.

Ова беше четврти натпревар без победа за „фриулијаните“, трет во низа на кој Удинезе не постигнува погодок, со што уште повеќе почна да се „тресе клупата“ на Тудор.

Се вчитува...