УЕФА бара 300 милиони евра за да го одложи ЕВРО 2020

Денеска ќе биде „Денот Д“ за европскиот фудбал, откако челниците на УЕФА ќе одржат состанок преку видео-конференција со претставниците на лигите и федерациите ширум Европа за да се состави календарот за натпреварување за довршување на сезонава.

Прва и најглавна точка на дневниот ред ќе биде ЕВРО 2020, континенталниот собир што сите федерации сакаат да биде одложен, но европската куќа на фудбалот не планира толку лесно да ги прифати нивните барања. Поточно, УЕФА на денешниот состанок ќе побара компензација од огромни 300 милиони евра, трошоци што според Чеферин и неговите соработници ќе настанат со одлагањето на ЕП за цели дванаесет месеци.

Идејата е јасна, кога лигите веќе инсистираат на одлагање за да можат да ги доиграат домашните првенства поради богатите договори за ТВ-права, сега ќе треба дел од тие пари да се вратат на УЕФА, за покривање на новонастанатите трошоци. На потег ќе бидат клубовите и федерациите кои ќе треба да се изјаснат, дали ќе прифатат да платат, бидејќи доколку тоа не се случи лесно може УЕФА да остане на ставот за одржување на ЕВРО 2020 од 12 јуни до 12 јули, што само по себе ќе значи предвремен крај на сите лиги ширум Европа.

Се вчитува...