УЕФА без дилема: Раскин на договорот со Гаспром, генералниот спонзор на Лигата на шампионите

Откако вчера Извршниот комитет на УЕФА одлучи да го премести финалето во Лигата на шампионите од Санкт Петербург во Париз поради руската воена инвазија над Украина, европската куќа на фудбалот сега сака да го раскине спонзорскиот договор со Гаспром.

Рускиот нафтен гигант е еден од главните спонзори на Лигата на шампионите од кој УЕФА годишно заработува 50 милиони фунти. Но, челниците на УЕФА преговараат и се обидуваат да најдат правно решение за раскин на спонзорскиот договор.

„Ќе има серија на состаноци на кои ќе се разговара за идните чекори на УЕФА во врска со актуелната ситуација во Украина“, соопшти прес службата на УЕФА.

По руската инвазија над Украина, УЕФА и Формула 1 први реагираа. УЕФА му ја одзеде на Санкт Петербург организацијата на финалето на Лигата на шампионите кое треба да се игра на 28 мај, додека Формула 1 објави дека сезонава нема да има трка за Големата награда на Русија која требаше да се одржи во Сочи.

Се вчитува...