УЕФА донесе одлука каде ќе се игра финалето во ЛШ – Ниту Истанбул, ниту Лондон, ниту Лисабон …

Европската фудбалска федерација донесе одлука финалниот меч од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Челси да се игра на стадионот „Драгао“ во Порто. Иако првобитно беше планирано домаќин на финалето да биде Истанбул, поради ситуацијата со пандемијата од коронавирусот и годинава мораше да се бара замена за турскиот град.

Како опции се споменуваа Лондон и Лисабон, но на крајот УЕФА донесе одлука финалниот меч да се игра на „Драгао“. Од УЕФА водат интензивни преговори со властите во Португалија да се дозволи присуство на 20.000 навивачи на финалниот меч (вкупниот капацитет на стадионот е 50.000).

Финалето е закажано за 29. мај, а главен судија на мечот ќе биде Шпанецот Лахоз.

Се вчитува...