УЕФА донесе одлука – Ниту еден клуб нема да биде казнет

Иако УЕФА упати голем број на закани кон клубовите за формирањето на Суперлигата, сепак од Европската куќа на фудбалот одлучија ниту еден клуб да не биде санкциониран. Реал Мадрид и Јувентус беа најмногу загрижени за тоа дали УЕФА ќе ги суспендира од европските натпреварувања во новата сезона, а имаше и закани дека „кралевите“ нема да може да играат во полуфиналето против од годинашното издание.

Покрај Реал и Јувентус меѓу одметниците беа и Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, Тотенхем, Челси и Ливерпул. Покрај тоа што не добија суспензија овие клубови нема да бидат ниту парично казнети.

 

Се вчитува...