УЕФА доживотно го суспендираше тренерот кој тајно снимаше фудбалерки под туш!

УЕФА одлучи да го казни Петр Влаховски со доживотна суспензија од фудбалот, затоа што тајно ги снимал своите фудбалерки.

Чешките медиуми тврдат дека во мај 2025 година на Влаховски првично му била изречена условна казна од една година затвор и петгодишна забрана за тренирање екипи.

Сето ова затоа што тајно ги снимал фудбалерките на ФК Словачко во соблекувалните, од кои најмладата имала 17 години.

Според обвинението на кое се повикуваат чешките медиуми, Влаховски се изјаснил за виновен.

Сепак, УЕФА ја променила својата одлука и го казниле доживотно и повеќе не може да извршува никакви активности поврзани со фудбалот.

Синдикатот на фудбалери ФИФПРО, исто така, испратил барање до УЕФА и ФИФА да му се изрече меѓународна забрана на овој тренер.

Се вчитува...