Европската куќа на фудбалот донесе важна одлука за враќање на фановите на трибините. Сите клубови кои ќе се изборат за пласман во групната фаза од двете европски натпреварувања ќе имаат право да пуштат во продажба 30% од капацитет на стадионот. Ова значително ќе ги подобри приходите на клубовите кои западнаа во голема криза поради пандемијата на коронавирусот. Сепак, УЕФА вели дека примарниот збор дали ќе има навивачи на трибините го имаат државните органи на секоја земја.
Оваа одлука нема голема улога за македонските клубови. Шкендија е единствениот клуб кој остана во Европа, а вечерва во третото квалификациско коло од ЛЕ игра против Тотенхем на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА