УЕФА: Фајнл-фор во Лигата на шампионите од 2025 година!

Фајнл-фор со најдобрите четири екипи во сезоната ќе биде новитетот во фудбалската Лига на шампиони во 2025 година, во сезоната во која ќе стартуваат и реформите во најелитното натпреварување со една група, 36 учесници, швајцарски систем со по десет меча на секој тим и малку покомпликуван модел за воведната елиминациска фаза.

Првиот човек на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин веќе најави дека организацијата на фајнл-фор во завршницата на најелитното натпреварување е веќе извесна, но нема да се случи пред сезоната 2024/25 кога и ќе стартува реформираната ЛШ. Уште од септември 2020, проектот за фајнлфор е присутен откако поради корона-кандемијата, завршницата во ЛШ се одигра во Лисабон.

„За фајнлфорот не стигнавме да преговараме и разговараме поради пандемијата, но мислам дека тоа е сјајна работа и би било многу понеизвесно, многу позанимливо за навивачите, а веќе разговарав со претседателите на клубовите, како што е првиот човек на ПСЖ (Насер Ал Келаифи – н.з.) и тој се сложува со мене. Европскиот фудбал е поголем од НФЛ, а Супер Болот е огромен спектакл. И за ова треба само една работа да решиме, а тоа е како на клубовите да им ги компензираме финансиите што ќе ги загубат со ова, кога не би биле домаќини на полуфинале. Но, мислам дека фајнлфор во ЛШ може да заживее во сезоната 2024/25, а не верувам дека би можело побрзо“, рече Чеферин.

Се вчитува...