УЕФА формира Супер Лига на Нации заедно со селекции од Јужна Америка?

Откако ФИФА тргна со силна кампања за Светско првенство секои две години, вратија од УЕФА која се противи на таквата идеја. Од стариот континент стигнуваат гласови против промена на овој формат, а Газета Дело Спорт открива дека УЕФА има причина да не попушта во намерата на ФИФА.

Како што се шпекулира, УЕФA има намера да организира натпреварување кое што нема да му се допадне на ФИФА. Планот е создаден во Нион е формирање на Супер Лига на Нации во која ќе играат четири најдобри селекции од Лигата на Нации, со четири најдобри селекции од Јужна Америка, по пласманот на Копа Америка.

Тоа натпреварување би се одржувало во „непарни години“, помеѓу Светското и Европското првенство на секои четири години. Се очекува да предизвика големо интересување во Светот.

Јужноамериканците имаат желба да играат на едно такво натпреварување, со оглед дека во јавноста се погласни се најавите дека им требаат натпревари со силните европски селекции.

УЕФА и КОНМЕБОЛ неодамна во Лондон отворија заеднчка канцеларија, за да имаат што подобра соработка и да ги подготвуваат заедничките проекти. Првото е веќе на виделина.

Се вчитува...