УЕФА ги номинираше најдобрите во Лигата на шампиони за минатата сезона

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денес ги објави номинациите за најдобри играчи по позиција во минатата сезона во Лигата на шампионите, а се очекува да доминираат членовите на шампионите на Челси и финалистите на Манчестер Сити со пет, односно три номинации.

За најдобар голман беа номинирани Едуард Менди од Челси, Едерсон од Манчестер Сити и Тибо Куртоа од Реал Мадрид. Во конкуренција за најдобар дефанзивен играч се двајца играчи на Челси, Цезар Аспиликуета и Антонио Рудигер и еден од Сити Рубен Диас.

Двајца играчи на „сините“, Жоржињо и Н’Голо Канте, исто така се натпреваруваат за најдобар играч за врска, а конкуренција им е фудбалерот на Сити, Кевин Де Бруин. Сепак, во конкуренција за најдобар напаѓач нема играчи од Челси и Сити, тука се Роберт Левандовски од Баерн, Килијан Мбапе од ПСЖ и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Добитниците на наградите ќе бидат познати за време на ждрепката за групи во Лигата на шампионите, што ќе се одржи на 26 август во Истанбул.

Се вчитува...