УЕФА ги одложува мартовските натпревари: Виси и мечот Македонија – Косово!?

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) најверојатно во вторник ќе одржи „кризен состанок“ на кој единствена тема ќе биде коронавирусот кој интензивно се шири на Стариот континент, со што ги загрозува и фудбалските активности.

Веќе се навестуваат предлози за одложување на сите мартовски репрезентативни натпревари кои се во календарот на УЕФА, а меѓу нив и бараж натпреварите од Лигата на нациите за пласман на ЕП 2020. Со тоа би се одложил и натпреварот меѓу Македонија и Косово закажан за 26. март во Скопје.

Според најавите, утре во Амстердам најпрво ќе има состанок Извршниот состанок на УЕФА а во вторник пред Конгресот на УЕФА ќе има и „кризен состанок“.

„УЕФА е во консултација со сите Влади каде во моментов се регистрирани случаи на вирусот Ковид-19. Ќе имаме разговори и со претесдеталите на националните федерации по што ќе донесеме одлука. Секако здравјето е на прво место, а спортот потоа“ – истакнуваат надлежните од УЕФА.

Се поголем број национални федерации одлучуваат натпреварите да се играат во моментов без публика, а во Италија веќе постојано и се одложуваат натпреварите. УЕФА разгледува термин бараж дуелите од Лигата на нациите да бидат можеби одложени за средината на април.

Се вчитува...