УЕФА ги претстави новите правила на финансиски „фер плеј“

Извршниот одбор на Европската фудбалска федерација (ФИФА) донесе нови финансиски „фер плеј“ правила за клубовите. Истите стапуваат на сила во јуни оваа година, а ќе бидат имплементирани во следните три години со цел да им се даде време на клубовите за прилагодување.

Спред иститот максималниот износ кој клубовите ќе можат да го потрошат на плати за играчите и трансфери воопшто мора да биде 70 отсто од вкупните приходи. Како што вели првиот човек на ФИФА, Александар Чеферин, првичните промени дадоа резултат, но фудбалската индустрија мора да продолжи со промени кон подобро.

„Финансискиот правилник на УЕФА кој е донесен во 2010 година ја исполни својата примарна цел и го револуционираше начинот на работа на клубовите. Но, еволуцијата на фудбалската индустрија покрај неизбежните последици на пандемијата на коронавирус ни покажа дека ни е потребна нова реформа и нови правила поврзани со финансиската одржливот“, изјави Чеферин.

Се вчитува...