УЕФА го избра идеалниот тим на Лигата на Европа за сезона 2023/24 (ФОТО)

УЕФА го избра идеалниот тим на најдобрите 11 во годинашното издание од Лигата на Европа која ја освои италијанска Аталанта откако во финалето го декласираше Баер Леверкузен победувајќи со 3-0.

Според изборот на УЕФА, во идеалниот тим на второто по квалитет европско клупско натпреварување се српскиот голман од редовите на Рома, Миле Свилар кој беше најзаслужен што Рома дојде до полуфиналето каде што доживеа елиминација од Леверкузен.

Во одбраната, во формација 3-4-3, се Џемшити (Аталанта), Тах (Леверкузен) и Манчини (Рома), во средниот ред се Руџери и Компјанерс од Аталанта како и Џака и Фримпонг од Леверкузен, и во нападот херојот од финалето – Лукман од Аталанта, и Обамејанг (Марсеј) и Вирц (Леверкузен).

Се вчитува...