УЕФА го избра најдобриот тим на сезоната – Доминација на шампионот, Роналдо извиси

Европската фудбалска федерација УЕФА го избра најдобриот тим за изминатата сезона во Лигата на шампионите. Очекувано меѓу дваесет и тројцата фудбалери има дури деветмина од Баерн Минхен, но за изненадување е тоа што во тимот го нема асот на Јувентус, Кристијано Роналдо. Роналдо сезонава учеството го заврши во осминафиналето каде Јувентус беше елиминиран од Олимпик Лион, а Португалецот постигна само четири гола што е негов најлош учинок. Во тимот има место и за ѕвездите на ПСЖ Нејмар и Мбапе, а исто така од тимот е и Лионел Меси.

 

Се вчитува...